Ана Немањиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ана Немањиќ, името како монахиња во манастир Анастасија (најверојатно 1113-21 јуни 1199/1200 година), била голема српска жупаница, сопруга на Стефан Немања и мајка на Стефан Првокрунисан, Вукан и Свети Сава.
Ана Немањиќ |
---|
Потеклото на Ана е непознато, а историските извори се контрадикторни. Постојат претпоставки дека таа била со босанско, грчко, француско потекло, па дури и од унгарска или руска крв. Не се знае под кои околности и кога го запознала и се омажила со Стефан Немања. Според некои летописи, бракот се случил во 1142/1143 година. Ана му родила на Немања најмалку пет деца, меѓу кои и кралот Стефан Првокрунисан и Свети Сава. Се замонашила заедно со својот сопруг во 1196 година. Последните години ги поминала во манастирот Пресвета Богородица во Топлица. Починала во 1199 или 1200 година, 21 јуни. Погребана била во Студеница.
Српската православна црква ја слави на 21 јуни според црквениот, а на 4 Јули според Грегоријанскиот календар.