Амхарски јазик
јазик во Етиопија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Амхарскиот (አማርኛ, /amarɨɲːa/) е семитски јазик, дел од подгрупата на етиопски јужносемитски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Амхарите, „лингва франка“ во Етиопија и службен јазик на федерално ниво во државата.
Амхарски јазик | |||
---|---|---|---|
አማርኛ (Amarəñña) | |||
Изговор | /amarɨɲːa/ | ||
Застапен во | Етиопија | ||
Народ | Амхари | ||
Јазично семејство | афроазиско
| ||
Писмо | етиопско писмо | ||
Статус | |||
Службен во | Етиопија | ||
Регулативен орган | Империјална академија (порано) | ||
Јазични кодови | |||
ISO 639-1 | am | ||
ISO 639-2 | amh | ||
ISO 639-3 | amh | ||
|
Амхарскиот најверојатно првично се развил како резултат на мешање на различни кушитски и семитски говори (супстратуми) за да се олесни комуникацијата помеѓу народите кои зборувале мешавини од различни јазици.[1] Оваа јазична форма им овозможила на војската (па и народот) да комуницираат и да развијат комуникативно средство кое било различно и независно од етиопската црква и нејзиниот етопски јазик.
Денес амхарскиот е работен (службен) јазик на Етиопија на федерално ниво, како и работен јазик на неколку сојузни држави во Етиопија.[2] Со вкупно 21,811,600 говорници според податоците од 2007, вклучувајќи и 4,000,000 жители кои го говорат како втор јазик, амхарскиот е вториот најзборуван семитски јазик во светот, веднаш зад арапскиот.[3]
Амхарскиот се пишува од лево кон десно користејќи го етиопското писмо. Писмото е абугида.[4] Нема универзално прифатлив систем за транслитерација на амхарскиот. Системот за транслитерација кој се користи тука е често користен систем на академско ниво.[5]