Амазонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Амазонска дождовна шума, позната и како Амазонија — еден од најголемите природни ресурси во светот. Бидејќи нејзината растителност континурирано го претвора јаглерод диоксидот во кислород е опишана како „Бели дробови на планетата“. Околу 20% од кислородот на Земјата е произведен од Амазонија.
Амазонија | |
регион | |
Дождовната шума на Амазон, блиску до Манаус, Бразил. | |
Земји | Бразил, Перу, Колумбија, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам, Француска Гвајана |
---|---|
Дел од | Јужна Америка |
Реки | Амазон |
Површина | 5.500.000 км2 |
Карта на Амазонија еколошки регион прогласен од „Светскиот фонд за природа“ (WWF). Жолтата линија ја означува дождовната шума на Амазон, а државните граници се прикажани со црна линија. Сателитска фотографија на НАСА.
|
Овој слив опфаќа 7.000.000 км2 од кои 5.500.000 км2 се покриени од дождовните шуми. Овој регион вклучува територија што припаѓа на девет нации. Поголемиот дел од шумата е содржан во Бразил, со 60% од дождовните шуми, потоа Перу со 13%, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана. Државите или областите на четири нации го содржат "Амазон" во нивните имиња. Амазон претставува повеќе од половина од преостанатите дождовни шуми на планетата[1] и го вклучува најголемиот тракт на тропските дождовни шуми во светот, со околу 390 милијарди поединечни дрва поделени на 16.000 видови.[2]
Дождовната шума на Амазон го добила своето име по реката Амазон, која е животна сила на дождовната шума. Реката Амазон извира кај Андите во Перу и се разгранува кон исток низ северната половина на Јужна Америка. Се влева во Атлантскиот Океан кај Белим во Бразил. Главната река е околу 6.600 км долга. Нејзиниот базен изнесува околу 7.050.000 квадратни километри и поминува низ Бразил, Колумбија, Перу, Венецуела, Еквадор, Боливија, Гвајана, Суринам и Француска Гвајана. Шеснаеесет проценти од целокупната речна вода во светот тече низ делтата на Амазон. Речното подрачје на Амазонија е дом на најразлични растителни и животински видови.[3]
Амазонија годишно добива околу 2,7 метри врнежи. Педесет проценти од врнежите се враќаат назад во атмосферата преку лисјата на дрвјата. Најголемиот дел од водата на Амазон доаѓа од годишното топење на снегот од перуанските Анди. Меѓу јуни и октомври, нивото на водата се зголемува за 9 до 14 метри. Околу 40.500 км2 од шумата се поплавени за време на поплавата.
Високите температури и количеството на дожд се исти во текот на целата година во Амазонија. Климата е топла и влажна, со просечна температура од 26 °C. Температурната разлика меѓу ден и ноќ е поголема од таа меѓу сезоните.