Алексиј Слав
From Wikipedia, the free encyclopedia
Алексиј Слав (бугарски: Алексий Слав) бил бугарски деспот, прв братучед на цар Борил.[1] Управувал во перидот од 1207 до 1230.
Благородникот Алексиј Слав се осамостоил во еден дел од источна Македонија со центар Мелник во почетокот на XIII век. Тој, како и Стрез, бил роднина на бугарска владетелска фамилија и учествувал во борбата за бугарскиот престол, речиси во исто време кога Стрез се осамотил во Просек.[2]