Александар III (византиски владетел)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Александар, наречен уште Александар III (грчки: Αλέξανδρος Γ΄, 870 — 6 јуни 913) — византиски цар од 12 мај 912 до 6 јуни 913. Тој бил третиот владетел од Македонската династија. Тој бил третиот син на Василиј I, а втор син од бракот со Евдокија Ингерина. За разлика од својот постар брат Лав VI Мудриот, неговото татковство не било оспорено меѓу Василиј I и Михаил III бидејќи тој е роден неколку години подоцна од смртта на Михаил III.[1]
- За други цареви наречени Александар III видете Александар III (појаснување).
Кратки факти Александар III Αλέξανδρος Γ΄, Византиски цар ...
Александар III Αλέξανδρος Γ΄ | |
---|---|
Цар на Источното Римско Царство | |
Византиски мозаик-портрет од царот Александар во Аја Софија. | |
Византиски цар | |
На престол | 12 мај 912 – 6 јуни 913 |
Крунисување | 879 (како совладетел на Василиј I) |
Претходник | Лав VI Мудриот |
Наследник | Константин VII Порфирогенит |
Роден(а) | 870 Цариград |
Починал(а) | 6 јуни 913 Цариград |
Династија | Македонска династија |
Татко | Василиј I |
Мајка | Евдокија Ингерина |
Затвори