Азотни оксиди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Азотни оксиди се бинарни соединенија на кислород и азот или нивните соединенија. Азотот образува повеќе оксиди во кои оксидациониот број на азотот може да биде +1, +2, +3, +4 или +5, а формулите на оксидите се: N2O, NO, N2O3, NO2 и N2O5[1] Поважни азотни оксиди се:
- Азотен моноксид (NO), азот(II) оксид
- Азотен диоксид (NO2), азот(IV) оксид
- Диазотен оксид (N2O), азот (I) оксид
- Диазотен триоксид (N2O3), азот(II, IV) оксид, анхидрид на азотастната киселина.
- Диазотен тетроксид (N2O4), азот(IV) оксид
- Диазотен пентоксид (N2O5), азот(V) оксид, анхидрид на азотната киселина
(Последните три од спискот се нестабилни соединенија.)
Азот диоксидот може да се димеризира, образувајќи диазот тетраоксид. Диазот моноксидот е индиферентен оксид и нема значење доколку не станува збор за азотната киселина. Азот моноксидот не реагира со вода, но лесно се оксидира до азот диоксид, кој, пак, при растворањето во вода се диспропорционира, т.е. делумно се оксидира, а делумно се редуцира. Оттука, азот диоксидот може да се смета за мешан анхидрид на азотестата и азотната киселина.[2]
Хемиската реакција која доведува до создавање на азотните оксиди може да се произведe од неколку различни соединенија на кислород и азот (различни пропорционални односи), во зависност од условот на самата реакција. Ова е единствена причина зошто се споредни нус-производите со N2O; производството на останатите две стабилни оксиди на азот, кои се патем многу токсични, е регулирано со закон.
Азотен моноксид, NO Азотен диоксид, NO2 Диазотен оксид, N2O Диазотен триоксид, N2O3 Диазотен тетроксид, N2O4 Диазотен пентоксид, N2O5