Аеродром Палма де Мајорка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот на Палма де Мајорка (IATA: PMI, ICAO: LEPA), (Шпански: Aeropuerto de Palma de Mallorca) — аеродром сместен некои 8 километри источно од центарот на Палма де Мајорка. Претходно аеродромот беше познат под името Aeropuerto de Son Sant Joan, е трет најголем аеродром во Шпанија, по Мадридскиот Барахас аеродром и аеродромот во Барселона, Ел Прат. За време на летото е еден од најзафатените аеродроми во Европа. Аеродромот е поставен на територија од околу 6.3 км². Поради големиот развој на аеродромот, додадена е нова инфраструктура на постоечките два терминала, А и Б. Главниот терминал беше дизајниран од локалниот архитект Pere Nicolau Bonet, и беше отворен на 12 април 1997 година. Терминалот А се користи најмногу за домашен сообраќај додека останатит три терминали (Б, Ц, Д) се користат за меѓународен сообраќај. Аеродромот обработува околу 25 милиони патници на годишно ниво. со капацитет од околу 12000 патници за еден час. Во идните планови е впишано и план за обработка на 32 милиони патници до 2010 и 38 милиони патници до 2015 година.