Аеродром Берлин-Шенефелд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Аеродромот Берлин-Шенефелд (германски: Flughafen Berlin-Schönefeld) (IATA: SXF, ICAO: EDDB) е меѓународен аеродром сместен во близина на градот Шенефелд, во сојузната покраина Бранденбург, на самата јужна граница со Берлин и 18 километри југоисточно[1] од центарот на градот. Шенефелд бил главен цивилен аеродром на Источна Германија (ГДР) и единствен аеродром, кој го опслужувал Источен Берлин. Денес е помалиот од двата берлински аеродроми.
Аеродром Берлин-Шенефелд Flughafen Berlin-Schönefeld | |||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Општо | |||||||||||
Аеродромски вид | Јавен | ||||||||||
Оператор | FBB | ||||||||||
Служи за | Берлин | ||||||||||
Местоположба | Шенефелд, Германија | ||||||||||
Отворен | 15 октомври 1934 | ||||||||||
Затворен | 25 октомври 2020 | ||||||||||
Надм. височина | 48 м / 157 ст | ||||||||||
Мрежно место | berlin-airport.de | ||||||||||
Карта | |||||||||||
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Германија Берлин" does not exist | |||||||||||
Писта | |||||||||||
| |||||||||||
Статистика (2018) | |||||||||||
| |||||||||||
Извори: Германски AIP на EUROCONTROL[1] |
Аеродромот Шенефелд е сместен надвор од границите на градот, за разлика од аеродромот Берлин-Тегел. Но, затоа пак, проблемот со бучавата е помалку присутен во Шенефелд. Аеродромот ќе биде споен во новиот Аеродром Берлин-Бранденбург во 2014.[2]
Аеродромот Шенефелд забележува голем пораст во бројот на патници во последните години, што се должи на отворањето на свои бази на EasyJet и Germanwings. Во 2008, аеродромот опслужил 6,6 милиони патници. На почетокот на зимската сезона во 2012, Germanwings го напуштил Шенефелд и се преселил на Берлин-Тегел како последица на задоцнетото отворање на Берлин-Бранденбург.[3]