Автомобилска индустрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Автомобилска индустрија е гранка на индустријата која се занимава со проектирање, развој, производство, маркетинг и продажба на моторни возила. Некои компании и организации кои се вклучени во автомобилската индустрија се нарекуваат производители на автомобили. Автомобилската индустрија не ги опфаќа индустриите посветени на одржување на автомобилите по испорака до крајниот корисник, како што се продавниците за автомобили, механичарските работилници и бензинските пумпи.
Основни производи во автомобилската индустрија се патнички автомобили и лесни комерцијални возила (камионети), вклучувајќи ги пикапите, спортските и комби возила. Комерцијалните возила (камиони и автобуси), иако се важни за индустријата, заземаат споредна улога во автомобилската индустрија.
Автомобилските индустрии овозможиле автомобилот да биде составен дел од животот на голем број луѓе. Автомобилот овозможил преминување на голем број на растојанија за кратко време, побрз и полесен транспорт меѓу градовите, и на крај им помогнал на луѓето во заштедување на времето.