Автомобил
моторно возило за патен превоз на патници / From Wikipedia, the free encyclopedia
Автомобил (од старогрчки: αὐτός — сам, и латински: mobilis — подвижен, брз) или разговорно кола[1] — возило за превоз на патници што има сопствен погон. Повеќе определувања за овој израз нагласуваат дека автомобилите се направени да се движат по сувоземни патишта, да обезбедат место за седење за патници — од еден до осум патници, да имаат главно четири тркала и да бидат изработени првенствено за превоз на патници. Сепак, изразот „автомобил“ не е воопшто точен, затоа што постојат многу видови на возила што извршуваат слични задачи.[2]
Во светот се користат околу 1 милијарда автомобили.