Џошуа Рејнолдс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џошуа Рејнолдс (англ. Sir Joshua Reynolds, 16 јули 1723 - 23 февруари 1792) — најважниот и највлијателниот од англиските сликари во XVIII век. Специјализирал во портретура и го ширел т.н. „Велик стил“ на сликарството кој го идеализирал несовршеното. Бил еден од основачите и прв претседател на Кралската академија на уметностите. Кралот Џорџ III ги ценел неговите дела и придонес и му доделил витештво во 1769.