Џон Бакан
From Wikipedia, the free encyclopedia
Џон Бакан (26 август 1875 - 11 февруари 1940) ― шкотски романописец, историчар и унионистички политичар. Тој бил 15-ти генерален гувернер на Канада во Канадската Конфедерација.
Џон Бакан | |
---|---|
Џон Бакан во 1935 | |
15-ти генерален гувернер на Канада | |
На должноста 2 ноември 1935 – 11 февруари 1940 | |
Монарх | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Џон Бакан 26 август 1875(1875-08-26) Перт, Шкотска |
Починал(а) | 11 февруари 1940(1940-02-11) (возр. 64) Монтреал, Квебек, Канада |
Професија | Писател |
Потпис | |
Портал | John Buchan Society |
Писателска кариера | |
Жанр | Авантура |
По кратка правна кариера, Бакан истовремено започнал писателска, политичка и дипломатска кариера; бил приватен секретар на администраторите на разни колонии во Јужна Африка. Најпосле пишувал и пропаганда за британските воени дејства во Првата светска војна. Бил избран за пратеник во Комбинираните шкотски универзитети во 1927 година, но поголемиот дел од своето време го посветил на неговата писателска кариера, пишувајќи го меѓу другите и познатиот роман „Триесет и девет скалила“ и други авантуристички прозни дела.
Во 1935 година, кралот Џорџ V, по совет на премиерот Бенет, го назначил Бакан за генерален гувернер на Канада. Тој ја вршел оваа функција до неговата смрт во 1940 година.