Џозеф Листер
англиски хирург, основоположник на антисептиката / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џозеф Листер (5 април 1827 – 10 февруари 1912 [1]) бил британски хирург - основач на антисептичката хирургија [2] и пионер во превентивната медицина.[1]
Џозеф Листер | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џозеф Листер во 1902 | |||||||||||||
37-ми претседател на Кралското друштво | |||||||||||||
На должноста 1895–1900 | |||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||
Роден(а) | 5 април 1827(1827-04-05) Аптон Хаус, Вест Хем, Англија | ||||||||||||
Починал(а) | 10 февруари 1912(1912-02-10) (возр. 84) Валмер, Кент, Англија | ||||||||||||
Почивалиште | Гробишта Хемпстед, Лондон | ||||||||||||
Сопружник | Агнес Сајм (в. 1856; d 1893) | ||||||||||||
Родители |
| ||||||||||||
Потпис | |||||||||||||
|
Од техничка гледна точка, Листер не бил исклучителен хирург,[2] но неговото истражување во бактериологијата и инфицирањето на рани ја подигнало неговата оперативна техника на ново ниво при што неговите набљудувања, дедукции и пракса ја револуционизирале хирургијата низ цел свет.[3]
Листер дал свој придонес во медицината на два начина. Ја промовирал идејата за стерилна хирургија додека работел како хирург во Кралската амбуланта во Глазгов преку воведувањето на фенол (тогаш познат како карболна киселина) за стерилизирање на хируршките инструменти, кожата на пациентот, хируршките конци и рацете на хирургот. Но, најмногу придонел со тоа што го увидел клучниот принцип врз кој се заснова промената во практикувањето на хирургијата, односно случајното набљудување го заменил со примена на научните принципи предложени од Луј Пастер.[4]
Неговото дело придонело во намалувањето на постоперативните инфекции, а операцијата ја направил побезбедна за пациентите, со што се издвоил како „татко на модерната хирургија“.[5]