Џозеф Далтон Хукер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сер Џозеф Далтон Хукер (англиски: Sir Joseph Dalton Hooker; 30 јуни 1817 - 10 декември 1911 ) — британски ботаничар и истражувач.
Кратки факти Џозеф Далтон ХукерSir Joseph Dalton Hooker, Роден(а) ...
Џозеф Далтон Хукер Sir Joseph Dalton Hooker | |
---|---|
Роден(а) | 30 јуни 1817(1817-06-30) Хејлсворт, Суфолк, Англија |
Починал(а) | 10 декември 1911(1911-12-10) (возр. 94) Санингдејл, Беркшир, Англија |
Националност | Британско |
Полиња | Ботаника |
Установи | Градини во Кју |
Образование | Универзитет во Глазгов |
Влијание од | Сер Вилијам Џексон Хукер; Чарлс Дарвин; Џорџ Бентхем |
Влијаел врз | Тиселтон-Дјер |
Поважни награди | Орден за заслуги (1907); Орден на Ѕвездата на Индија; Кралско општество Копли (1887) и Дарвинови медали (1892); Лондонско Линеанско друштво (1888) и Медал Дарвин-Валас (1908) |
Потпис |
Затвори
Хукер како момче учествувал во експедицијата на Џејмс Кларк Рос со која било потврдено постоењето на Антарктикот. Во текот на патувањето открил многу нови видови растенија на островите во Јужниот Океан и стекнал углед на врвен ботаничар. По експедицијата на Хималаите тој објавил значајно дело за рододендроните, а во 1865 година го наследил својот татко на местото управник на Кралската градина во Кју (Лондон). Тој станал најдобар пријател на Чарлс Дарвин и огнено ја поддржувал неговата теорија за еволуцијата.