Џеки Вилсон
американски пејач (1934-1984) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џеки Вилсон (англ: Jackie Wilson; роден како Џек Лерој Вилсон Помладиот (Jack Leroy Wilson Jr.; 9 јуни 1934 – 21 јануари 1984) ― американски пејач од 1950-тите и 1960-тите. Тој бил истакната личност при преминот на ритам и блузот во соул музика. Бил наречен „Господин возбуда“, и важел за маестрален шоумен и еден од најенергичните пејачи и изведувачи во историјата на соул, R&B и рокенрол музиката.[1][2]
Џеки Вилсон | |
---|---|
Џеки Вилсон во 1961 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Џек Лерој Вилсон Помладиот |
Познат(а) и како | Господин возбуда (Mr. Excitement) |
Роден(а) | јуни 9, 1934(1934-06-09) Хајленд Парк, Мичиген, САД |
Починал(а) | јануари 21, 1984(1984-01-21) (возр. 49) Маунт Холи, Њу Јерси, САД |
Жанрови | |
Занимања |
|
Период на активност | 1953–1975 |
Издавачи |
|
Вилсон постхумно бил примен во Куќата на славата на рокенролот во 1987 година.[3] Тој е примен и во Националната куќа на славата на ритам и блузот. Две песни од Вилсон биле примени во Гремиевата куќа на славата во 1999 година. Тој ја добил наградата Legacy Tribute од Фондацијата Ритам и Блуз во 2003 година.[4] Во 2004 година, Ролинг Стоун го ставило Вилсон на 69-то место на нивната листа од „100 најдобри музичари на сите времиња“ и го ставила на списокот од „200 најдобри пејачи на сите времиња“.[5][6] NPR го прогласиле за еден од 50-те најдобри гласови.[7]