Џасинда Ардерн
новозеландска политичарка и премиер на Нов Зеланд 2017-2023 / From Wikipedia, the free encyclopedia
Џасинда Кејт Лорел Ардерн[1] (англиски: Jacinda Kate Laurell Ardern, р. 26 јули 1980 ) — новозеландска политичарка од Лабуристичката партија, премиер на државата од 26 октомври 2017 до 25 јануари 2023 г. Таа, исто така, служела како водач на Лабуристичката партија од 1 август 2017 г. Ардерн е пратеник во парламентот на изборната единица Маунт Алберт од 8 март 2017 г.; таа за првпат била избрана во Претставничкиот дом како пратеник во списокот на општите избори во 2008 г.
Џасинда Ардерн | |
---|---|
Ардерн во 2018 г. | |
40. Премиер на Нов Зеланд | |
На должноста 26 октомври 2017 – 25 јануари 2023 | |
Монарх | Елизабета II Чарлс III |
Претходник | Бил Инглиш |
Наследник | Крис Хипкинс |
Лични податоци | |
Роден(а) | 26 јули 1980(1980-07-26) (43 г.) Хамилтон, Нов Зеланд |
Партија | Лабуристичка партија |
Сожител | Кларк Гејфорд (2013-) |
Деца | 1 |
Установа | Универзитет на Ваикато |
Како последица од значително опаднатата популарност меѓу населението и внатрепартиските критики, на 25 јануари 2023 г. Ардерн поднела оставка од премиерското место и од функцијата шеф на Лабуристичката партија. Нејзините сопартијци едногласно го избрале Крист Хипкинс како нејзин наследник.[2]