Љубов (филм од 2012)
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Љубов“ (француски: Amour) — француско-германско-австриски филм од 2012 година, во режија на Михаел Ханеке, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Жан-Луј Трентињан, Емануел Рива и Изабел Ипер. Филмот е добитник на 84 награди, а имал уште 74 номинации. Од поважните награди што ги освоил филмот, треба да се издвојат: „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал во 2012 година; четирите „Европски филмски награди“ во 2012 година (за најдобар филм, режисер, машка и женска главна улога); „Златен глобус“ и „Оскар“ во 2013 година, во категоријата „најдобар странски филм“ и наградите на БАФТА за најдобар странски филм и за најдобра женска главна улога.[1]