Јужен магнетен пол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јужен магнетен пол — точка на јужната полутопка на Земјата каде силовите линии на геомагнетното поле се насочени нормално на појдовната површина.
Поради неговата географска положба, овој пол го нарекуваме „јужен“, но всушност тој е северен бидејќи ја привлекува југот на компасот.[1]
Јужниот магнетен пол постојано се поместува поради промените во магнетното поле на Земјата. Во 2005 г. тој бил на 64.54° ЈГШ; 137.85° ИГД / -64.54; 137.85,[2] во морето помеѓу Аделината и Вилксовата Земја. Во 2015 г. бил на 64.28° ЈГШ; 136.59° ИГД / -64.28; 136.59.[3] Таа точка се наоѓа вон Јужниот Поларник. Поради поларното поместување, полот се движи во северозападен правец за околу 10-15 км годишно. Сега е оддалечен околу 2.860 км од географскиот Јужен Пол.[4] Најблиската постојана научна станица е „Димон Дирвил“.