Јохан Готфрид Пифке
германски композитор / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јохан Готфрид Пифке (германски: Johann Gottfried Piefke; 9 септември 1817 – 25 јануари 1884) — германски диригент, капелмајстор и композитор на воени маршеви, значаен претставник на пруската, а со тоа и германската воена музика.
Роден е во Шверин на Варта во Велекнежевство Позен (денешна Сквјежина, Полска). Во 1850-тите служел како диригент во VIII Пешадиски полк во Берлин, каде воедно и компонирал воена музика. Меѓу неговите познати маршеви се вбројуваат „Пруска слава“ (Preußens Gloria), „Марш на дибелските ровови“ (Düppeler Schanzen-Marsch) и „Кенигрецки марш“ (Königgrätzer Marsch, искомпониран по битка кај Садова (Кениграц) во 1866, решавачкиот судир во Австриско-пруската војна).
Пифке направил и аранжман на симфониската поема „Тасо“ од Франц Лист за воен оркестар, како и аранжмани на други Листови маршеви.
Починал во Франкфурт на Одра. Во септември 2009 во чест на Пифке е поставена „звучна скуплтура“ од кортенски челик во местото Генсендорф, кајшто композиторот во 1866 раководел со воен оркестар заедно со брат му Рудолф[1][2]