Јосиф и неговите браќа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јосиф и неговите браќа (германски: Joseph und seine Brüder) — роман-тетралогија на Томас Ман, објавен во периодот од 1933 до 1943 година. Во него, Ман ги прераскажува познатите теми од Стариот завет, од Јаков до Јосиф (поглавјата 27 до 50), од Книгата на постанокот, поставувајќи го во историскиот контекст на Амарнскиот период. Овој роман Ман го сметал за неговото најголемо дело.[1]
Кратки факти Автор, Изворен наслов ...
Корица на првото издание на дел 4 (1943) | |
Автор | Томас Ман |
---|---|
Изворен наслов | Joseph und seine Brüder |
Земја | Германија |
Јазик | германски |
Издадена | 1933–1943 |
Медиум | Печати |
Затвори
Тетралогијата се состои од следниве книги:
- „Приказните на Јаков“ (Die Geschichten Jaakobs; пишувана од декември 1926 до октомври 1930 година)
- „Младиот Јосиф“ (Der junge Joseph; пишувана од јануари 1931 до јуни 1932 година, Книга на постанокот 37)
- „Јосиф во Египет“ (Joseph in Ägypten; пишувана од јули 1932 до 23 август 1936 година, Книга на постанокот 38 - 39)
- „Јосиф, Хранителот“ (Joseph, der Ernährer; пишувана од 10 август 1940 до 4 јануари 1943 година, Битие 40 и 50 )