Јелена Розга
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јелена Розга (23 август 1977 во Сплит) е хрватска пејачка која пее поп, фолк и електропоп музика. Родена е и израсната во Сплит каде уште како дете почнува да настапува како балерина. Се прославува како пејачка на хрватската група Магазин. Пее во групата од 1996 до 2005 година, а во 2006 година ја започнува својата соло кариера откако издава 5 студиски албуми со Магазин.
Соло кариерата Розга ја започнува со албумот Oprosti mala кој доживува голем комерцијален успех кој ја воспоставува како успешна соло пејачка. Албумот се искачува на врвот на табелата за хрватски албуми и на него се наоѓаат неколку успешни синглови како што се „Gospe moja“ („Богородице моја“), „Oprosti mala“ („Прости малечка“) и „Ne zovi me Marija“ („Не ме нарекувај Марија“). На вториот студиски албум на Розга, Bižuterija ( Бижутерија) издаден во 2011, се наоѓаат истоимената песна која е воедно најголемиот соло хит на пејачката како и сингловите „Rodit' ću ti 'ćer i sina“ („Ќе ти родам ќерка и син“) и „Ona ili ja“ („Таа или јас“). Во промоцијата на албумот, Розга ја започнува својата прва соло турнеја, насловена Турнеја „Бижутерија“ која трае од 2010 до 2012 година; со распродадениот концерт во Спаладиум арената, Розга станува првата хрватска пејачка која успева да ги распродаде сите карти.
Во 2012, Розга го издава својот прв Best of компилациски албум на кој се наоѓаат нејзините хитови со Магазин како и тие од нејзината соло кариера. Moderna žena („Модерна жена“), третиот студиски албум на пејачката е издаден во 2016 и на него се наоѓаат некои од најголемите хитови на пејачката во нејзината кариера, вклучувајќи ги „Nirvana“ („Нирвана“), „Kraljica“ („Кралица“) и „Tsunami“ („Цунами“). Moderna žena е третиот албум на пејачката кој успеал да го достигне врвот на хрватската табела на албуми и добива златен сертификат од страна на хрватската музичка асоцијација. Воедно е и најпродаваниот албум на годината во Хрватска.
Покрај нејзината пејачка кариера, Розга исто така кратко време посветува на глумата. Денеска се смета за една од најпознатите пејачки во Хрватска,[1] каде што има освоено златни сертификати за сите нејзини три албуми и голем број на награди, вклучувајќи ја и наградата Grand Prix на сплитскиот фестивал. Покрај познатоста во Хрватска, пејачката исто така има изградено успешна кариера во Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Словенија.