Јелена Петровиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јелена Петровиќ, сопруга на Караѓорѓе Петровиќ и мајка на кнезот Александар Караѓорѓевиќ, е родена во селото Маслошево во 1765 или 1771 година. Таа била ќерка на Босиљка и Јасеничкиот обор-кнез Никола Јовановиќ.[1] Рано ја изгубила мајка си, а подоцна и татко и и двајцата браќа кои загинале како ајдуци, па живеела кај тетка и Бисенија во селото Јагњило.
Се омажила за водачот Караѓорѓе Петровиќ во 1785 година. Таа родила седум деца: Сима (починал веднаш по раѓањето), Сава, Сара, Полексија, Стаменко, Алекса (починал на 29-годишна возраст во Кишињев) и наследникот Александар.
Ќерката Сара се омажила за Никола Кара-Марковиќ, потоа Теодор Бојаниќ.
Таа била свадбена кума на принцот Милош и принцезата Љубица.[2] Долго време поминала во манастирот Круседол во Срем.
По убиството на сопругот, таа живеела во страв од одмаздата на Милош Обреновиќ на нејзиното семејство.
Во октомври 1839 година се вратила во Белград, дури по абдицирањето на принцот Милош Обреновиќ.[3]
Умрела во Белград на 29 јануари по стариот, а на 9 февруари 1842 година според новиот календар. По наредба на принцезата Љубица била свечено опоена и со санки пренесена во Топола.[2]