Јапонска митологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јапонската митологија е многу богата и разновидна. Главно е заснована врз автохтоната јапонската религија шинтоизам, но влијание има и од будизмот и други домашни религиски традиции во Јапонија, како и разни примесни верувања и локални легенди. Јапонските митови се развиле од иста причина како и митовите од другите земји, за да се објасни создаањето на светот, приридни феномени, обичаи и обреди, називи на некои топоними, итн. Иако јапонската митологја има многу други истории од пред 2000 години, првите записи се јавуваат дури од почетокот на осмиот век од новата ера. Односно, Јапонците до 5 век од новата ера немале писмо, тогаш постоеле луѓе, познати како катариби чија должност била усно да пренесуваат митови и преданија во време кога немало писмо или тоа не било распространето во Јапонија. Најстарите познати пишани извори за древната Јапонија и нејзината митологија е Коџики или Записи за древните настани составени 712 година.
Една од одликите на јапонската митологија е нејзиното објаснување на потеклото на царското семејство, што е користено за да се припише божествено потекло на царската крвна линија. Титулата на царот на Јапонија, тено (tennō - 天皇), значи „небесен суверен“.