Јакопо Сансовино
From Wikipedia, the free encyclopedia
Јакопо д'Антонио Сансовино (итал. Jacopo d'Antonio Sansovino; 2 јули 1486 – 27 ноември 1570 ) — италијански вајар и архитект, прочуен по своите градби околу плоштадот „Св. Марко“ во Венеција. Во предговорот на неговите „Четири книги за архитектурата“, архитектот Андреја Паладио сметал дека Сансовиновата „Маркова библиотека“ (Biblioteca Marciana) е најдобрата градба изградена по антиката. Во книгата „Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти“, Џорџо Вазари му оддал почит на Сансовино со тоа што го испечатил неговата биографија посебно.